Вчера, во просториите на Државниот завод за статистика се одржа четвртата седница на Управниот комитет на твининг-проектот „Поддршка на Државниот завод за статистика за градење на капацитетите и унапредување на усогласеноста на статистиката со стандардите на ЕУ“. На оваа седница на Управниот комитет, покрај постојаните учесници и лидерите на проектот, г-ѓа Благица Новковска, директор на Државниот завод за статистика, и г.Ринго Раупах, проект-лидер од Федералниот завод за статистика на Германија, присуствуваше и г-ѓа Шарлот Јул Хансен, јуниор проект-лидер од Данската статистика. Членовите на Управниот комитет го разгледаа и го усвоија нацрт-извештајот за реализираните активности и резултатите остварени во првата половина од реализацијата на Проектот. Од започнувањето на Проектот, за четирите квартали, реализирани се 40 мисии, односно 49,4 % од планираните мисии се завршени. Управниот комитет на Проектот оцени дека активностите се реализираат во согласност со работниот план од твининг-договорот. На состанокот беше презентиран и статусот на имплементацијата на третиот договор од ИПА 2009 - Проектот за софтверско решение за on-line пополнување на прашалници. Целта на Проектот е да се развие ИТ систем за on-line прибирање на податоци. Активностите се одвиваат во согласност со договорот. Линкови:
http://www.delmkd.ec.europa.eu/en/index.htm
Проектот го финансира Европската унија