1 јуни – Ден на македонската статистика
Денес го одбележуваме 1 јуни – Денот на македонската статистика и роденден на Државниот завод за статистика – 78 години постоење.
Бројката е за почит имајќи ги предвид скромните почетоци и заложбите, ентузијазмот и посветеноста на генерациите статистичари кои се заслужни за ова што денес е Државниот завод за статистика – реномирана професионална институција која им обезбедува на корисниците податоци за градење политики и донесување на одлуки базирани на докази.
Секоја година носи нови предизвици за сите, па и за Заводот, и способноста за прилагодување и совладување на новините што ги носи новото време нè поттикнува на уште поголем раст и развој. Тоа им го должиме на сите претходни генерации статистичари кои го изградија овој систем, а нам ни останува обврската да го унапредуваме и да им го предадеме на следните генерации!
Нека ни е честит Денот на македонската статистика!
Галерија
фотографии низ годините.
1945 - 2023