Skip Navigation Links

70 години Државен завод за статистика 

1 јуни - Ден на македонската статистика
понеделник, 01 јуни 2015

Државниот завод прославува голем јубилеј - 70 години од своето основање. Во далечната 1945 година, на 19 мај, тогашната Влада на Народна Република Македонија го формираше Федералниот статистички уред, а денот на објавувањето на оваa Одлука - 1 јуни се одбележува како Ден на статистичарите во Република Македонија.

Веќе 70 години Заводот ја раскажува приказната за Република Македонија низ бројки -релевантни, веродостојни и достапни. Веќе 70 години генерации статистичари ги вложуваат сите свои знаења и способности за да обезбедат статистички податоци што ќе имаат вредност за носителите на одлуките во државата, за претставниците на бизнисот, за домаќинствата и за граѓаните кои го посветуваат своето време и енергија за да ги комплетираат статистичките истражувања.

И затоа, овој голем јубилеј Заводот го одбележува со неколку настани - крводарителна акција, свечена академија и средба на вработените кои ќе се одржат во оваа недела на јубилејот.

А заложбите на Државниот завод за статистика за исполнување на поставените цели и предизвици продолжуваат и понатаму стремејќи се кон уште поголеми резултати до новиот јубилеј.

 70 години Државен завод за статистика


ИСТОРИЈАТ НА ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА


1945

Со одлука на тогашната Влада на НР Македонија  формиран е Македонскиот федерален статистички уред

1946

Донесен е Закон за општонароден план, со кој се регулира преминувањето на Уредот во надлежност на Сојузна планска комисија

1948

Донесена  е Уредба за основање и работа на Сојузниот статистички уред  и статистичките уреди на републиките (Републички статистички уред)

1948

Спроведен е првиот повоен Попис на населението

1949

Воведени се индивидуални статистички листови во сите градови и срезови, за евидентирање на виталните случаи (родени, умрени и склучени бракови)

1945-1951

Продуцирани се 184 интерни статистички прикази

1951

Набавена е првата автоматска механографска машина 

1952

Публикувано е првото издание на Месечниот статистички извештај“

1953

Спроведен е вториот повоен Попис на населението 

1954

Издаден е првиот Статистички годишник на Македонија

1956

Публикаувано е првото издание на едицијата Статистички прегледи

1961

Донесен е основниот Закон за статистика

1961

Спроведен е Попис на населението   

1961

Набавена е нова механографска машина со посебен приклучен дел “калкулатор“ кој располагал и со електронски елементи и бил поврзан со т.н. табелирка

1962

Воведена е серијата публикацииПрикази и студии“

1963

Катастрофалниот земјотрес го наруши секојдневното работење и предизвика жртви и меѓу вработените во заводот

1963

Републичкиот завод за статистика е домаќин на 7. состанок на Југословенското статистичко друштво во Охрид 

1967

Заводот започна со издавање на едицијата “Соопштенија“ , што се и денес најзастапена  форма на објавување на податоци

1971

Спроведен е Попис на населението

1974

Донесен е Закон за статистички истражувања од интерес на Републиката

1975

Набавен е првиот компјутер со внатрешно програмирање-Burroughs 714 што располагал со централна единица на која се приклучуваат периферните единици како магнетни дискови, единици на магнетни ленти, печатари и читачи на перфорирани картички

1981

Спроведен е Попис на населението

1991

Во рамките на Владиниот информативен центар купен е и инсталиран во Заводот за статистика mainframe компјутер Unisys A со што  доаѓа до значаен технолошки напредок во обработката на статистичките податоци

1991

Спроведен е Попис на населението

1991

Прогласена е независноста на Република Македонија. Заводот прераснува во државен орган во областа на статистиката и  обемот на работа и надлежностите на Заводот се зголемуваат и интензивираат

1993

Почетоци на меѓународната соработка, со учество на Конференцијата на европските статистичари во Париз

1994

Спроведен е првиот Попис на населението, домаќинствата и становите, после осамостојувањето на РМ, според меѓународни стандарди и со меѓународен мониторинг

1996

Заедничка декларација за статистичка соработка меѓу Државниот завод за статистика  и ЕВРОСТАТ

1996

Македонија е вклучена во Фаре програмата за техничка помош во областа на  статистиката

1997

Донесен е Законот за државната статистика

1998

Формиран е првиот Совет за статистика од страна на Собранието на РМ

1998

Донесена е првата Петгодишна програма за работа на Заводот за периодот 1998-2002

1998

Изработени се првите Проекции на населението во РМ“ до 2020 година

2000

Донесен е Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија„ бр.58/00) со кој  се изврши преименување на Заводот за статистика во Државен завод за статистика

2001

Државниот завод за статистика е вклучен во имплементацијата на Спогодбата за асоцијација и стабилизација

2001

Воведување на клиент/сервер платформа, миграција на податоците и  воспоставување на релациони бази на податоци.

2001

Спроведена е првата Глобална оценка на статистичкиот систем од страна на Евростат

2002

Во процесот на усогласувањето на македонското со европското законодавство, Државниот завод за статистика е раководител на Работната група за статистика

2002

Спроведен е Пописот на населението , домаќинствата и становите, со меѓународен мониторинг

2003

Формиран е вториот Совет за статистика од страна на Собранието на РМ

2004

Објавена е веб страницата на Заводот во asp технологија

2004

Спроведена е втората Глобална оценка на статистичкиот систем  од страна на Евростат

2006

Спроведено е првото самооценување на Заводот во согласност со Заедничката рамка за оценување (CAF)

2006

Подготвен е првиот извештај за квалитет

2006

Објавена е интранет страницата на Заводот во asp технологија

2007

Спроведен е Попис на земјоделството

2008

Донесена е Петгодишната програма за работа на ДЗС за периодот 2008-2012

2008

Формиран е третиот Совет за статистика од страна на Собранието на РМ

2009

Формирана е ИПА Работна група во Заводот

2010

Првото поедноставеното партнерско оценување

2011

Објавена е веб-страницата на Заводот во .NET технологија

2011

Имплементација на првиот Грант проект од ИПА 2009 повеќе-корисничката програма

2011

ДЗС - член на СДДС стандардот на ММФ

2011

Воведено е компјутерски подржано интервјуирање преку телефон (CATI)

2012

Формиран е четвртиот Совет за статистика од страна на Собранието на РМ

2013

Донесена е Петгодишната програма за работа на ДЗС за периодот 2013-2017

2014

Квалитатативна промена на ИТ инфраструктурата, замена на физичките сервери со виртуелни и воспоставен централизиран мемориски простор

2014

Воведено електронско прибирање на податоци од деловни субјекти и институции





© Државен завод за статистика