Skip Navigation Links

70 години Државен завод за статистика 

Крводарителна акција
среда, 03 јуни 2015

Во рамките на одбележувањето на 70-годишниот јубилеј на македонската статистика, денес во Државниот завод за статистика се одржа крводарителна акција во која учествуваа голем број вработени во Заводот и беа собрани околу 50 единици крв.


Оваа акција е продолжение на долгогодишната традиција на организирање на крводарителни акции во Заводот што ги организира Синдикалната организација на ДЗС, а ваквите активности ќе продолжат и во иднина.

 

 

  

 


 70 години Државен завод за статистика


ИСТОРИЈАТ НА ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА


1945

Со одлука на тогашната Влада на НР Македонија  формиран е Македонскиот федерален статистички уред

1946

Донесен е Закон за општонароден план, со кој се регулира преминувањето на Уредот во надлежност на Сојузна планска комисија

1948

Донесена  е Уредба за основање и работа на Сојузниот статистички уред  и статистичките уреди на републиките (Републички статистички уред)

1948

Спроведен е првиот повоен Попис на населението

1949

Воведени се индивидуални статистички листови во сите градови и срезови, за евидентирање на виталните случаи (родени, умрени и склучени бракови)

1945-1951

Продуцирани се 184 интерни статистички прикази

1951

Набавена е првата автоматска механографска машина 

1952

Публикувано е првото издание на Месечниот статистички извештај“

1953

Спроведен е вториот повоен Попис на населението 

1954

Издаден е првиот Статистички годишник на Македонија

1956

Публикаувано е првото издание на едицијата Статистички прегледи

1961

Донесен е основниот Закон за статистика

1961

Спроведен е Попис на населението   

1961

Набавена е нова механографска машина со посебен приклучен дел “калкулатор“ кој располагал и со електронски елементи и бил поврзан со т.н. табелирка

1962

Воведена е серијата публикацииПрикази и студии“

1963

Катастрофалниот земјотрес го наруши секојдневното работење и предизвика жртви и меѓу вработените во заводот

1963

Републичкиот завод за статистика е домаќин на 7. состанок на Југословенското статистичко друштво во Охрид 

1967

Заводот започна со издавање на едицијата “Соопштенија“ , што се и денес најзастапена  форма на објавување на податоци

1971

Спроведен е Попис на населението

1974

Донесен е Закон за статистички истражувања од интерес на Републиката

1975

Набавен е првиот компјутер со внатрешно програмирање-Burroughs 714 што располагал со централна единица на која се приклучуваат периферните единици како магнетни дискови, единици на магнетни ленти, печатари и читачи на перфорирани картички

1981

Спроведен е Попис на населението

1991

Во рамките на Владиниот информативен центар купен е и инсталиран во Заводот за статистика mainframe компјутер Unisys A со што  доаѓа до значаен технолошки напредок во обработката на статистичките податоци

1991

Спроведен е Попис на населението

1991

Прогласена е независноста на Република Македонија. Заводот прераснува во државен орган во областа на статистиката и  обемот на работа и надлежностите на Заводот се зголемуваат и интензивираат

1993

Почетоци на меѓународната соработка, со учество на Конференцијата на европските статистичари во Париз

1994

Спроведен е првиот Попис на населението, домаќинствата и становите, после осамостојувањето на РМ, според меѓународни стандарди и со меѓународен мониторинг

1996

Заедничка декларација за статистичка соработка меѓу Државниот завод за статистика  и ЕВРОСТАТ

1996

Македонија е вклучена во Фаре програмата за техничка помош во областа на  статистиката

1997

Донесен е Законот за државната статистика

1998

Формиран е првиот Совет за статистика од страна на Собранието на РМ

1998

Донесена е првата Петгодишна програма за работа на Заводот за периодот 1998-2002

1998

Изработени се првите Проекции на населението во РМ“ до 2020 година

2000

Донесен е Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија„ бр.58/00) со кој  се изврши преименување на Заводот за статистика во Државен завод за статистика

2001

Државниот завод за статистика е вклучен во имплементацијата на Спогодбата за асоцијација и стабилизација

2001

Воведување на клиент/сервер платформа, миграција на податоците и  воспоставување на релациони бази на податоци.

2001

Спроведена е првата Глобална оценка на статистичкиот систем од страна на Евростат

2002

Во процесот на усогласувањето на македонското со европското законодавство, Државниот завод за статистика е раководител на Работната група за статистика

2002

Спроведен е Пописот на населението , домаќинствата и становите, со меѓународен мониторинг

2003

Формиран е вториот Совет за статистика од страна на Собранието на РМ

2004

Објавена е веб страницата на Заводот во asp технологија

2004

Спроведена е втората Глобална оценка на статистичкиот систем  од страна на Евростат

2006

Спроведено е првото самооценување на Заводот во согласност со Заедничката рамка за оценување (CAF)

2006

Подготвен е првиот извештај за квалитет

2006

Објавена е интранет страницата на Заводот во asp технологија

2007

Спроведен е Попис на земјоделството

2008

Донесена е Петгодишната програма за работа на ДЗС за периодот 2008-2012

2008

Формиран е третиот Совет за статистика од страна на Собранието на РМ

2009

Формирана е ИПА Работна група во Заводот

2010

Првото поедноставеното партнерско оценување

2011

Објавена е веб-страницата на Заводот во .NET технологија

2011

Имплементација на првиот Грант проект од ИПА 2009 повеќе-корисничката програма

2011

ДЗС - член на СДДС стандардот на ММФ

2011

Воведено е компјутерски подржано интервјуирање преку телефон (CATI)

2012

Формиран е четвртиот Совет за статистика од страна на Собранието на РМ

2013

Донесена е Петгодишната програма за работа на ДЗС за периодот 2013-2017

2014

Квалитатативна промена на ИТ инфраструктурата, замена на физичките сервери со виртуелни и воспоставен централизиран мемориски простор

2014

Воведено електронско прибирање на податоци од деловни субјекти и институции





© Државен завод за статистика