Донесени
се измени во Законот за Попис на земјоделството
Собранието на Република Македонија го
донесе Законот за изменување на Законот за Попис на земјоделството (“Службен
весник на РМ” бр. 113/2006).
Во прилог е пречистениот
текст на Законот: кликни тука (или Save Target As ...).
Институција што ќе го спроведе
Пописот
Пописот на земјоделството ќе го организира
и спроведе Државниот завод за статистика.
Кога ќе се спроведе Пописот?
Пописот
ќе се спроведе од 1 до 15 јуни 2007 година.
Постпописното истражување за статистичка контрола на опфатот и квалитетот
на податоците ќе се спроведе од 16 до 20 јуни 2007 година.
Пописот и Постпописното истражување ќе се спроведат според состојбата
на 31 мај 2007 година и според состојбата во период од една година пред
спроведувањето на Пописот (од 1 јуни 2006 година до 31 мај 2007 година
).
Што ќе биде опфатено со Пописот?
Со
Пописот се опфаќаат:
1. Индивидуалните земјоделски стопанства
2. Домаќинствата кои поседуваат шума
3. Домаќинствата кои поседуваат рибник
4. Деловните субјекти и единиците во состав на деловните субјекти кои
во согласност со Националната класификација на дејностите, според претежната
дејност се распределени во секторот Земјоделство, лов и шумарство
5. Деловните субјекти и единиците во состав на деловните субјекти кои
во согласност со Националната класификација на дејностите, според претежната
дејност не се распределени во секторот Земјоделство, лов и шумарство,
но вршат активности во тој Сектор.
|