+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна За Државниот завод за статистика
 

Извештај од Европската комисија за 2018 год.

Поглавје 18: Статистика

Правилата на ЕУ од земјите членки бараат да се во можност да произведат статистики врз основа на професионална независност, непристрасност, веродостојност, транспарентност и доверливост. Предвидени се Заеднички правила за методологијата, обработката и ширењето на статистички информации.

Во областа на статистиката, земјата е умерено подготвена. Постигнат е одреден напредок, особено во ефикасноста на собирањето податоци и понатамошното усогласување на секторските статистики со стандардите на ЕУ. Сè уште се потребни постојани напори за да се подобри квалитетот на податоците во областа на макроекономските и социјалните статистики, како и за целосно усогласување со Acquis.
Бидејќи не се спроведени сите препораки од 2016 година, во наредната година земјата особено треба да се фокусира на:

  • дополнително зајакнување на човечките и финансиските ресурси на Државниот завод за статистика;
  • подготовка за нов попис на населението и домовите, делумно врз основа на административни податоци;
  • дополнително усогласување на статистиката со ЕСА 2010, особено внимавајќи на разграничувањето на општиот владин сектор, како и пренесување на целосен пакет табели за Постапката за прекумерен дефицит кон Евростат.

Во областа на статистичката инфраструктура, правната рамка во голема мера останува усогласена со практиката на Европскиот статистички кодекс. Треба да се зајакне професионалната независност на Државниот завод за статистика во практика, вклучително и преку обезбедување на доволно ресурси. Во однос на другите главни даватели на статистички податоци, НБРМ има статистички функции кои целосно се посветени на стандардите од Кодексот на практики и Министерството за финансии треба да назначи раководител за статистика и да ги преструктуира статистичките активности. Главните класификации се во согласност со Acquis и редовно се ажурираат. ДЗС дополнително го рационализира статистичко производство преку користење на извори на административни податоци, но достапноста и квалитетот на податоците и понатаму се проблематични. Преносот на податоци до Евростат е зголемен, но и понатаму е нецелосен.

Во поглед на макроекономските статистики, ДЗС подготвува годишни и квартални податоци за бруто домашен производ (БДП) во актуелни и постојани цени, усогласени со ЕСА 2010, и подготвува годишни секторски сметки и табели за снабдување/употреба. Сепак, потребните временски серии назад до 1995 година сè уште не се завршени. Во областа на статистиката на државните финансии, потребни се дополнителни напори за разграничување на општиот владин сектор. Известувањата за постапката за прекумерен дефицит сè уште само делумно се пренесуваат и финансиските сметки не се доставуваат, иако работата за завршување на овие мерки се интензивираше. НБРМ подготвува статистика за билансот на плаќања и за странските директни инвестиции според најновите стандарди. До Евростат треба да се достави целосен збир на табели за Процедурата за прекумерен дефицит (ЕДП) .

Структурните деловни статистики и краткорочните статистики за индустрискиот и градежниот сектор се добро развиени, но потребни се дополнителни подобрувања, како и воведување краткорочни статистички податоци за услуги и, во целост, за зголемената покриеност на варијаблите. Деловниот регистар претставува цврста основа за земање примероци и испорака на податоци, но потребно е истиот дополнително да се проширува. Статистиките на странските подружници сè уште не се достапни. Потребно е дополнително усогласување на статистиката за туризам и транспорт со Acquis. Податоците за истражување и развој и статистиките од областа на информатичките и комуникациските технологии во доволна мера се усогласени со Acquis.

Што се однесува до социјалните статистики, ДЗС користи рамка за примерок за социјални истражувања со користење на нова методологија за подобрување на квалитетот на податоците. Подготовките за нов попис на населението и домовите започнаа со испитување на поефикасни методи и утврдување на голем број потенцијални извори на податоци во административните регистри и базите на податоци што ги чуваат државните органи. Статистиките за миграција треба дополнително да се прошират. Истражувањето за приходите и условите за живеење е спроведено, но статистиката за социјална заштита сè уште не е направена. Статистичките податоци за пазарот на трудот главно се усогласени со Acquis, но статистиките за криминалот, образованието и јавното здравство сè уште не се усогласени.

Статистиките за земјоделското производство се делумно обработени во согласност со Acquis и прегледувањето на структурата на фармите продолжува редовно да се спроведува. Агромонетарните статистики кои се во согласност со Acquis се обработени со исклучок за билансите на состојба на снабдување. Годишната статистика за посев треба да се усогласи со Acquis. Енергетските статистики се претежно усогласени со Acquis. Обезбедени се краткорочните енергетски статистики и енергетски биланси. Исто така, се објавуваат статистички податоци за отпад, вода, трошоци за заштита на животната средина и даноците поврзани со животната средина. Не се произведуваат сметки за емисии на воздух. Изготвени се сметките за материјални текови, но ова сè уште не ги вклучува салдата на материјалните текови. 
 

Извештај од Европската комисија, 2016

Извештај од Европската комисија, 2015

Извештај од Европската комисија, 2014

Извештај од Европската комисија, 2013

Извештај од Европската комисија, 2012 

Извештај од Европската комисија, 2011

Извештај од Европската комисија, 2010

Извештај од Европската комисија, 2009

Извештај од Европската комисија, 2008

Извештај од Европската комисија, 2007


     

© Државен завод за статистика