+A   |  -A
ппп: 665 | ввв: 173999
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              

Соопштението е од областа: Култура





Радиодифузна дејност во Република Македонија, 2016 година

среда, 31 мај 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика добиени од извештајните единици, во 2016 година,
во Република Македонија, со радиодифузна дејност се занимавале 113 радиодифузери од кои 59 емитуваат
радиопрограма, а 54 телевизиска програма.
Од радиодифузерите кои емитуваат радиопрограма, еден е јавно радиодифузно претпријатие, 55 се трговски
радиодифузни друштва и 3 се непрофитни радиодифузни установи.
Според податоците, јавното радиодифузно претпријатие кое емитува радиопрограма емитувало вкупно 38 014
часа, од кои најголем дел или 60.2% се музичка програма.
Трговските радиодифузни друштва кои емитуваат радиопрограма емитувале вкупно 418 970 часа радиопрограма,
од кои најголем дел или 61.2% се, исто така, музичка програма.
Од радиодифузерите кои емитуваат телевизиска програма, еден е јавно радиодифузно претпријатие, а 53 се
трговски радиодифузни друштва.
Јавното радиодифузно претпријатие кое емитува телевизиска програма емитувало вкупно 20 755 часа телевизиска
програма, од кои најголем дел или 13.0% се образовна и научна програма.
Трговските радиодифузни друштва кои емитуваат телевизиска програма емитувале вкупно 416 628 часа
телевизиска програма, од кои најголем дел или 24.6% се играна програма.




  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика