+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              

Соопштението е од областа: Население





Природно движење на населението во Република Северна Македонија во второто тримесечје од 2019 година - претходни податоци

четврток, 29 август 2019


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2019 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 10.6 % и изнесува 4 693 живородени деца.

Бројот на умрените лица во второто тримесечје од 2019 година бележи зголемување од 7.3 % во споредба со истото тримесечје од 2018 година и изнесува 4 928 лицa, а од нив 21 се умрени доенчиња.

Природниот прираст изнесува - 235, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 4.8 % во споредба со истиот период од 2018 година и изнесува 3 247 бракови.

Во ова тримесечје се добиени 439 извештаи за разведени бракови.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика