+A   |  -A
ппп: 509 | ввв: 183303
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              

Соопштението е од областа: Деловни субјекти





Демографија на претпријатија, 2015 година

вторник, 30 мај 2017


Новосоздадени претпријатија, 2015 година


Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2015 година се регистрирани 6 877 новосоздадени
претпријатија што претставува 10.3% од вкупно активните претпријатија во Република Македонија чијашто
главна дејност според Националната класификација на дејностите – НКД Рев.2 припаѓа во секторите на дејност
од Б до О1). Во однос на 2014 година, забележанo е намалување од 4.0%.


Гледано по сектори на дејност, најголем дел од новосоздадените претпријатија (30.7%) се во секторот Трговија
на големо и на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли, а потоа следат секторите Преработувачка
индустрија со 12.2%, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна со 11.5%, и Други услужни дејности
со 9.5%.


Податоците за структурата на новосоздадените претпријатија, според правната форма, покажуваат дека
најголемо учество имаат претпријатијата категоризирани во групата друштва со ограничена одговорност и
акционерски друштва (70.1%), иако и кај нив е забележано намалување од 4.8% во однос на претходната
година.


Згаснати претпријатија, 2015 година


Прелиминарните податоци за згаснатите претпријатија, покажуваат дека во 2015 година згаснале 9.3%, односно
6 249 претпријатија, од вкупниот број на претпријатија.


Најголем дел од згаснатите претпријатија (35.7%) припаѓаат на секторот Трговија на големо и на мало;
поправка на моторни возила и мотоцикли, а според правната форма, најголемо учество имаат претпријатијата
категоризирани во групата друштва со ограничена одговорност и акционерски друштва.


Новосоздадени претпријатија во периодот 2010-2014 кои преживеале во 2015 година


32.7% од новосоздадените претпријатија во 2010 година сè уште биле активни во 2015 година. Најголема
стапка на преживување се забележува кај новосоздадените претпријатија кои припаѓаат на секторот Дејности
на здравствена и социјална заштита (72.5%), а од областа на бизнис економијата - Стручни, научни и технички
дејности (54.2%).


Во 2015 година биле активни 40.8% од новосоздадените претпријатија во 2011 година, 43.6 % од новосоздадените
во 2012 година, 67.2% од новосоздадените во 2013 и 81.3% од новосоздадените во 2014. Притоа, најголема
стапка на преживување имале новосоздадените претпријатија од секторот Финансиски дејности и дејности на
осигурување (во 2011 и 2014 година), односно од секторот Стручни, научни и технички дејности (2012 год.),
додека кај новосоздадените претпријатија во 2013 година, тоа се претпријатијата од секторот Образование.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика