+A   |  -A
ппп: 591 | ввв: 175460
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              

Соопштението е од областа: Информатичко општество





Користење на информатичко-комуникациски технологии во домаќинствата и кај поединците, 2017

вторник, 31 октомври 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2017 година, 73.6% од
домаќинствата имале пристап на интернет од дома. Учеството на домаќинствата според типот на населеното
место со широкопојасен интернет во вкупниот број на домаќинства e 67.1% во 2017 година. Речиси сите 91.2%
домаќинства со интернетски пристап имале широкопојасно (фиксно или мобилно) поврзување на интернет.


Во првото тримесечје од 2017 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, интернет користеле
74.5%, а 61,9% го користеле секој ден или речиси секој ден.


Мобилниот телефон или паметниот телефон биле најкористени средства за пристап на интернет кај корисниците
на интернет во овој период, а најмногу кај лицата на возраст од 15 до 24 години (91%). 82.5% од корисниците
на интернет во овој период употребиле мобилен телефон или паметен телефон за пристап на интернет надвор
од дома или од работа.


24.8% од лицата што употребиле интернет кога било, нарачале/купиле стоки или услуги преку интернет во
последните 12 месеци, а мнозинството (64.1%) од нив купиле облека или спортска опрема.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: 02 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика