+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              

Соопштението е од областа: Транспорт и комуникации





Превезени патници и стоки во второто тримесечје од 2018 година

петок, 24 август 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2018 година, во однос на истото тримесечје од 2017 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници е зголемен за 2.7 %, во градско-приградскиот превоз е намален за 16.4 %, во воздухопловниот превоз е зголемен за 20.7 %, додека бројот на превезените патници во железничкиот превоз е зголемен за 13.8 %. Во однос на првото тримесечје од 2018 година, бројот на превезените патници во патничкиот превоз е зголемен за 2.6 %, во градско-приградскиот превоз за 4.9 %, во железничкиот превоз за 12.1 %, додека во воздухопловниот превоз е зголемен за 32.3 %. Во второто тримесечје од 2018 година, во споредба со второто тримесечје од 2017 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 4.4 %, во воздухопловниот превоз за 7.4 %, додека во железничкиот превоз е зголемено за 5.0 %. Во однос на првото тримесечје од 2018 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 22 %, во воздухопловниот превоз за 10.9 %, додека во железничкиот превоз е зголемено за 13.4 %.



  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика