+A   |  -A
ппп: 639 | ввв: 217089
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              

Соопштението е од областа: Население





Морталитетот во Република Македонија, во 2016

среда, 07 јуни 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија, бројот на умрените лица е
намален за 0.2% во однос на претходната година и изнесува 20 421 умренo лицe. Поголем број се од машки
пол и тоа 10 746 или 52.6% од вкупно умрените лица. Бројот на умрените доенчиња изнесува 273, и нивното
учество во вкупниот број на умрени лица изнесува 1.3% на 100 умрени лица.


Според месецот на смртта, најголем број на случаи (2 022) се регистрирани во декември.


Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 70.3 години, односно 74.7 години кај лицата од женски
пол, или за 4.3 години повисока просечна возраст се бележи кај жените.


Како и во минатите години, најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем,
(шифра I00-I99) според МКБ-10 и тоа со 53.5% од вкупно умрените, потоа се јавуваат неоплазмите (шифра C00-
D48) и тоа со 19.0%, случаите кај кои причина за смрт се ендокрините, нутритивните и метаболичните болести
(шифра Е00-Е90) се застапени со 5.5%, а случаите кај кои причина за смрт се болестите на респираторниот
систем (шифра Ј00-Ј99) се застапени со 4.1% од вкупно умрените лица.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика