+A   |  -A
ппп: 5412 | ввв: 196582
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              

Соопштението е од областа: Градежништво





Издадени одобренија за градење, мај 2018 година

понеделник, 09 јули 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика во мај 2018 година, се издадени 222 одобренија за градење,
што е за 7.9 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.


Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 529 344 илјади денари,
што е за 4.2 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.


Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 116 (52.2 %) се наменети за објекти од високоградба, 41 (18.5 %)
за објекти од нискоградба и 65 (29.3 %) за објекти за реконструкција.


Од вкупно 222 објекти, на 116 (52.3 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 106 (47.7 %) објекти инвеститори
се деловни субјекти.


Во извештајниот период е предвидена изградба на 477 станови, со вкупна корисна површина од 38 951 м2.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика