+A   |  -A
ппп: 1882 | ввв: 220037
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              

Соопштението е од областа: Цени





Откуп и продажба на земјоделски производи, четврто тримесечје од 2017 година

четврток, 15 февруари 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2017 година, откупот и продажбата на
земјоделски производи се зголемени за 3.9% во однос на истиот период од претходната година.
Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 6.2%, а кај продажбата
на земјоделски производи од сопствено производство е забележано зголемување за 31.7%.
Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: градинарските растенија, овошјето,
алкохолните пијалаци, добитокот, живината и јајцата, млечните производи и рибата, а намалување е забележано кај: житата,
индустриските растенија, фуражните растенија, грозјето и млекото.
Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува намалување во октомври
и во декември, додека во ноември е забележано зголемување.




  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика