+A   |  -A
ппп: 354 | ввв: 107281
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              

Соопштението е од областа: Цени





Индекси на цените во земјоделството, февруари 2017 година

вторник, 14 март 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во февруари
2017 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 4.0%, а кај аутпутот
зголемувањето изнесува 5.4%.
Во февруари 2017 година, во споредба со февруари 2016 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно
потрошени средства во земјоделството) изнесува 104.3, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за
инвестиции во земјоделството) изнесува 99.5.
Во делот аутпут, во февруари 2017 година, во споредба со февруари 2016 година, индексот на цените на
растителното производство изнесува 108.2, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 96.9.




  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели



За подетални информации јавете се кај:

;  

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика