+A   |  -A
ппп: 562 | ввв: 169108
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              

Соопштението е од областа: Животен стандард





Потрошувачка кошница за исхрана и пијалаци, октомври - декември 2010 година

четврток, 10 март 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот октомври - декември 2010 година, едно четиричлено домаќинство беше во можност со една просечна нето-плата да ја наполни месечната потрошувачка кошница за исхрана и пијалаци.

Просечната нето-плата по работник за октомври 2010 година изнесуваше 20 584 денари, при што трошоците за исхрана и пијалаци беа пониски од просечната нето-плата за 8 479 денари, односно за 41.2%.

Просечната нето-плата по работник за ноември 2010 година изнесуваше 20 633 денари. Со вкупните трошоци за исхрана и пијалаци од 12 212 денари, за задоволување на останатите потреби остануваа 8 421 денари, односно 40.8%.

Просечната нето-плата по работник за декември 2010 година изнесуваше 21 454 денари. Вкупните трошоци за исхрана и пијалаци изнесуваа 12 342 денари и беа пониски од просечната нето-плата за 9 112 денари, односно за 42.5%.

Почнувајќи од 2011 година, Државниот завод за статистика престана да ја пресметува потрошувачката кошничка според досегашните критериуми со цел да ги следи препораките на ЕУ во насока на хармонизирање на нашиот статистички систем со оној на земјите од ЕУ. За таа цел, Државниот завод за статистика во 2010 година за првпат ја спроведе Анкетата за приходи и услови за живеење, која во целост е хармонизирана според препораките на Еуростат. Оваа Анкета, меѓу другото, ќе биде и извор за пресметка на меѓународно споредливи податоци за животниот стандард во Република Македонија.

Во декември 2010 година можноста за купување на производите е поголема или помала во зависност од производот.

Можностите за купување се зголемени кај следниве производи: телевизор - 56 за 15.1%, автомобил “Фиат Пунто” за 8.7%, маркица за превоз за 4.7%, кравјо млеко за 3.6%, леб-тип 500 за 2.0% и цигари „Родео супер лајт” за 0.7%.

Можностите за купување се намалени кај следниве производи: масло за јадење за 28.1%и бензин Евросупер БС 95 за 6.8%.




  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 837 

е-пошта: stase.nolev@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика