+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              

Соопштението е од областа: Цени





Индекси на трошоците на животот и на цените на мало, август 2020 година

понеделник, 07 септември 2020


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во август 2020 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.5, а индексот на цените на мало изнесува 100.8.

Пораст на индексите на трошоците на животот во август 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0.7 %, млекото за 0.5 %, оризот за 0.4 %, пивото за 0.3 %,  сирењето и урдата за 0.2 %.

Во август, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот, е забележан и кај електричната енергија за 7.4 %, информатичката опрема за обработка на податоците за 1.6 %, фармацевтските производи за 1.3 %, гасот за домаќинствата, моторните возила за 1.2 %, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства за 1.1 %, ткаенините за изработка на облека, услугите за рекреација и спорт за 1.0 %, игрите, играчките и хобијата за 0.9 %, терапевтските помагала и опремата за 0.8 %, медиумите за снимање, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање, накитот, часовниците и рачните часовници за 0.6 %, услугите за одржување и поправки на живеалиштето, другите услуги за опрема за сопствен превоз за 0.5 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти, електричните апарати за лична хигиена за 0.4 %, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, теписите и другите подни покривки, малите електрични апарати за домаќинствата, стоматолошките услуги, фризерските салони и центрите за разубавување за 0.2 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот во август 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 2.7 %, свежиот и разладениот зеленчук освен компири и другите коренести производи за 0.6 %, месото, јајцата за 0.4 %, маслото и маснотиите за 0.2 %.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај обувките за 1.8 %, горивата и мазивата за сопствени превозни средства за 1.1 %, велосипедите за 0.9 %, облеката, градините, растенијата и цвеќињата за 0.6 %, течните горива за домаќинствата за 0.2 %.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: + 389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика