+A   |  -A
ппп: 600 | ввв: 173599
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              

Соопштението е од областа: Инвестиции





Инвестиции во основни средства во Република Македонија, 2014 година
- претходни податоци-


среда, 30 септември 2015


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вредноста на инвестициите во основни
средства во Република Македонија во 2014 година изнесува 123 115 милиони денари.


Номиналниот пораст на вредноста на инвестициите во основни средства во 2014, во однос на 2013 година,
изнесува 3.5 %.


Во техничката структура на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 62.7%,
машините и опремата со 30.6%, а останатите инвестиции со 6.7%.


Најголема вредност на инвестициите во основни средства e реализиранa во следните сектори: Ѓ -Градежништво
(37.8 %); Б, В, Г и Д - Рударство и вадење на камен, Преработувачка индустрија, Снабдување со електрична
енергија, гас, пареа и климатизација и Снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со
отпад и дејности за санација на околината (23.5 %); Е, Ж и З - Трговија на големо и трговија на мало, Поправка
на моторни возила и мотоцикли, Транспорт и складирање и Објекти за сместување и сервисни дејности со
храна (13.5 %).

30.9.2016

Почитувани корисници,

Ве известуваме дека табелите од статистичкото истражување Инвестиции ќе се објавуваат само во соопштението Бруто-домашен производ, на следниот линк http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=32





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 885 

е-пошта: boban.ilievski@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика