+A   |  -A
ппп: 2358 | ввв: 241597
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              

Соопштението е од областа: Економски сметки во земјоделството





Економски сметки во земјоделството, 2016 година

четврток, 29 март 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, бруто-додадената вредност во земјоделството во 2016 година
изнесува 51 524 милиони денари и во однос на 2015 година бележи номинален пад од 0.6 %.
Растителното производство во 2016 година, кое учествува со 68.0 % во вкупното производство, бележи опаѓање
од 2.0 % во однос на 2015 година. Вредноста на добиточното производство, кое учествува со 22.5 % во вкупното
производство, порасна за 4.4 % во однос на 2015 година.
Меѓуфазната потрошувачка, во 2016 година, бележи пораст од 1.1 % во однос на 2015 година. Номиналниот доход во
земјоделството од производните фактори, по работна единица, во 2016 година бележи раст од 0.6 % додека реалниот
доход од производните фактори бележи опаѓање од 1.6 %.




  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика