+A   |  -A
ппп: 801 | ввв: 203099
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              

Соопштението е од областа: Култура





Музеи и музејски збирки во Република Македонија, 2015

четврток, 28 април 2016


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на посетители на музеите во 2015 година изнесува
476 385.
Од вкупно 28 музеи, според основачот, 19 се јавни (национални) музеи, 8 се јавни (локални) музеи и еден
приватен музеј, додека според предметот на работа, 18 се општи и 10 специјализирани музеи.
Во 2015 година, музеите организирале 102 сопствени изложби од кои 85 изложби биле организирани од страна
на општите музеи и 17 од страна на специјализираните музеи.
Музеите располагале со 224 779 инвентарирани предмети, од кои 36 980 биле изложени во музеите во 2015.
Збирките располагале со 222 850 инвентарирани предмети, од кои 35 489 биле изложени.
Податоците презентирани во ова соопштение се добиени од пополнетите прашалници за 2015 година што ги
доставија 28 музеи и 46 музејски збирки.




  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика