+A   |  -A
ппп: 16979 | ввв: 643229
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              

Соопштението е од областа: Социјална и здравствена заштита





Установи за згрижување и воспитание на деца - детски градинки / центри за ран детски развој, 2017 година

четврток, 01 март 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2017 година (состојба на 30 септември), вкупниот број на деца во  установите за згрижување и воспитание на деца - детски градинки / центри за ран детски развој изнесува 35 286, што претставува зголемување за 2.6% во однос на 2016 година.

Со годишните извештаи во 2017 година се опфатени 99 установи за згрижување и воспитание на деца, што е за 3.1% повеќе во однос на 2016 година.

Овие установи им обезбедуваат здравствена заштита, исхрана и дневен престој на децата, во согласност со нивните развојни потреби, на возраст до 6 години, во повеќе групи (групи на деца во развоен период до 2 години, групи на деца во развоен период од 2 години до тргнување на училиште, комбинирани групи, групи на деца со пречки во развојот, групи на деца во центар за ран детски развој во состав на детска градинка и групи за вонинституционална форма на активност).





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика