+A   |  -A
ппп: 645 | ввв: 193222
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              

Соопштението е од областа: Индустрија





Индекси на бројот на работниците во индустријата, октомври 2017 година

среда, 29 ноември 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во
октомври 2017 година, во однос на октомври 2016 година, изнесува 104.4.


Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2017 година, во однос на
октомври 2016 година, бележи опаѓање од 1.0%, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 5.0%, а во
секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1.1%.


Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во октомври 2017 година, во однос
на октомври 2016 година, бележи пораст кај Енергија за 0.3%, Интермедијарни производи, освен енергија за
12.8%, Капитални производи за 16.8% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 1.4%, додека опаѓање
бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.3%.


Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - октомври 2017 година, во однос на
периодот јануари - октомври 2016 година, изнесува 101.8.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика