+A   |  -A
ппп: 589 | ввв: 182208
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              

Соопштението е од областа: Образование и наука





Континуирана професионална обука во деловни субјекти
- први резултати -


среда, 26 април 2017


Во 2015 година, 2 515 деловни субјекти, т.е. 45.9% од деловните субјекти имаат организирано барем еден од
видовите на континуирана професионална обука.


Внатрешните курсеви за континуирана професионална обука се застапени во 1 919 деловни субјекти што
претставува 35.0% од вкупниот број на деловни субјекти, додека надворешните курсеви се застапени со 32.8%,
т.е. во 1 800 деловни субјекти.


Континуираната професионална обука е најзастапена во деловните субјекти кои имаат повеќе од 250 вработени,
односно 70.4% од овие деловни субјекти има организирано барем еден од видовите на континуирана
професионална обука.


Деловните субјекти во државна сопственост кои спроведуваат континуирана професионална обука претставуваат
63.7% од вкупниот број деловни субјекти во државна сопственост.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика