+A   |  -A
ппп: 867 | ввв: 200239
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              

Соопштението е од областа: Пазар на труд





Образование на возрасни лица во Република Македонија Резултати од Анкетата за образование на возрасни лица, 2016 година

четврток, 18 мај 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2016 година, од вкупниот број на лица на возраст од
25 до 64 години во Република Македонија, 150 111 посетувале образование и доживотно учење, од кои 80
550 (53.6%) се мажи, а 69 561 (46.4%) се жени. Најголемо учество во образованието (44.7%) имаат лицата на
возраст од 25 до 34 години, додека најмалку (9.4%) се застапени лицата на возраст од 55 до 64 години.
Стапката на лица кои учествувале во образование и обука, во 2016, изнесува 12.7, додека кај лицата на возраст
од 25 до 34 години стапката изнесува 20.6.
Од лицата кои посетувале формално или неформално образование, 31.4% (47 082) посетувале формално
образование, додека 81.7% (122 567) посетувале неформално образование. Со више и високо образование,
формално образование посетувале 50.6% од лицата, додека неформално образование посетувале 60.6%. Според
економската активност, 56.7% вработени лица посетувале формално образование, додека 87.6% посетувале
неформално образование. Според видот на активноста, од вкупниот број на лица кои посетувале неформално
образование, 56.7% учествувале на работилници и семинари, 33.8% имале обука на работното место, додека
28.1% посетувале курсеви. Вработените лица (61.7%) најмногу посетувале работилници и семинари, додека
неактивното население (79.6%) најмногу посетувало курсеви. Учеството во неформалното образование, поради
поврзаноста со работата, најмногу е забележливо кај лицата на возраст од 25 до 34 години (37.3%), а според
половата структура, поголем процент на жени на возраст од 35 до 44 години (36.2%) посетувале неформално
образование поради поврзаност со работата, во споредба со мажите (26.6%).
Во текот на 2016 година, 795 089 лица биле вклучени во процесот на информално учење. Од нив 52.0 % се
мажи, додека 48.0% се жени, а најголемо учество во овој процес на учење е забележано кај лицата на возраст
од 25 до 34 години. Н О В О




  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика