+A   |  -A
ппп: 1951 | ввв: 235827
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              

Соопштението е од областа: Транспорт и комуникации





Превезени патници со автобуси, четврто тримесечје, 2017 година

вторник, 20 февруари 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2017 година, во однос на истиот
период од 2016 година, вкупниот број на превезените патници во патниот патнички превоз е намален за 5.9%. Според
видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 8.8%, во приградскиот превоз за
3.1%, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 2.6%, додека во меѓународниот превоз зголемувањето бележи 9.5%.
Во однос на третото тримесечје од 2017 година, вкупниот број на превезените патници е зголемен за 22.4%. Според
видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е зголемен за 27.2%, во приградскиот превоз
за 25.9%, во меѓуградскиот превоз е намален за 6.1%, додека во меѓународниот превоз намалувањето изнесува
29.2%.
Во четвртото тримесечје од 2017 година, во однос на истиот период од 2016 година, вкупниот број на патничките
километри во патниот патнички превоз е зголемен за 4.4%. Според видот на превозот, бројот на патничките километри
во градскиот превоз е намален за 16.2%, во меѓуградскиот превоз за 4.5%, а во приградскиот превоз е зголемен за
13.6%, додека во меѓународниот превоз зголемувањето е 28.0%.
Во однос на третото тримесечје од 2017 година, вкупниот број на патничките километри е намален за 3.0%. Според
видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 17.9%, во приградскиот превоз
за 24.0%, а во меѓуградскиот превоз е намален за 7.5%, додека во меѓународниот превоз намалувањето е за 23.9%.




  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика