+A   |  -A
ппп: 810 | ввв: 203074
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              

Соопштението е од областа: Структура на земјоделските стопанства





Типологија на земјоделските стопанства

четврток, 03 март 2011


Државниот завод за статистика за првпат воспостави типологија на земјоделските стопанства согласно со Европската регулатива број 1242/2008, која е единствена класификација на земјоделските стопанства во Европската унија.

Класификацијата на земјоделските стопанства е заснована врз типот на земјоделското производство и врз економската големина на земјоделското стопанство, при што се користени коефициенти на стандардната вредност на производството и структурни податоци од Пописот на земјоделството во 2007 година.

Од вкупниот број класификувани земјоделски стопанства, 58.2% се класификувани во првата класа - до 2000 евра.

Од вкупно 192 675 земјоделски стопанства, најголем дел - 42 192 стопанства се специјализирани за производство на полјоделски култури, додека најмал дел - 7 760 земјоделски стопанства се специјализирани за одгледување на домашни животни што се хранат со семе и зрнеста храна.

Индивидуалните земјоделски стопанства учествуваат со 86.9% во формирањето на вкупната стандардна вредност на производството.

Најголемо учество во формирањето на вкупната стандардна вредност на производството имаат земјоделските стопанства специјализирани за мешано растително-добиточно производство со 21.4%, додека најмало учество имаат земјоделските стопанства специјализирани за полјоделски култури со 6.7%.




  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 653 

е-пошта: dejan.stankov@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика