+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              

Соопштението е од областа: Население





Склучени и разведени бракови во Република Македонија во 2017 година – дефинитивни податоци

среда, 16 мај 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на склучените бракови во 2017 година, во споредба со
претходната година, е зголемен за 4.4 % и изнесува 13 781 склучен брак.
Најмногу бракови, 1 771 или 12.9 %, се склучени во месец август, а најмалку во месец март, 764 или 5.5 %.
Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 93.1 % за жените и 91.4 % за мажите.
Во втор брак со учество од 7.9 % и во трет брак со учество од 0.7 %, во вкупниот број склучени бракови, почесто
стапуваат мажите.
Во 2017 година, најголем број бракови, 4 570, кај жените биле склучени на возраст од 20 до 24 години или 33.2 %, а
за мажите во старосната група од 25 до 29 години со 5 222 бракови или 37.9 %.
Просечната возраст при склучувањето прв брак е 26.6 години за невестата и 29.3 години за младоженецот.
Бројот на разводите во 2017 година бележи зголемување од 0.5 % во споредба со 2016 година и изнесува 1 994
разведени бракови.
Најмалку бракови, 42 или 2.1 %, во текот на годината се разведени во месец август, а најмногу, 224 или 11.2 %, во
месец декември.
Според возраста на сопругата и на сопругот, најголем број разводи, 387 или 19.4% се случиле во старосната група од
30 до 34 години, за сопругата и 356 или 17.9 % за сопругот.




  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика