+A   |  -A
ппп: 618 | ввв: 193114
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              

Соопштението е од областа: Структура на земјоделските стопанства





Структурно истражување за земјоделските стопанства, 2016 - претходни податоци -

понеделник, 30 јануари 2017


Во согласност со Регулативата на ЕК број 1166/2008, во јуни 2016 година Државниот завод за статистика го
спроведе Структурното истражување за земјоделските стопанства.
Структурното истражување за земјоделските стопанства е едно од основните статистички истражувања во
областа на земјоделството кое се спроведува на секои три години и обезбедува споредливи податоци за
земјоделските стопанства.
Според податоците од истражувањето, вкупниот број на земјоделски стопанства во Република Македонија
изнесува 178 125. Просечно, едно земјоделско стопанство користи 1.8 хектари земјоделско земјиште и има 2.1
добиточни единици.
Вкупното користено земјоделско земјиште од страна на земјоделските стопанства изнесува 320 738 хектари, а
од вкупниот број на стопанства, 60.8% користат до 1 хектар земјоделско земјиште. Земјоделските стопанства
имаат вкупно 381 361 добиточна единица.
Од техниките на ѓубрење, 37.9% од земјоделските стопанства користат нанесување на ѓубривото без заорување
во почвата, додека од методите на наводнување, најчесто користен е методот на површинско наводнување.




  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика