+A   |  -A
ппп: 793 | ввв: 202767
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              

Соопштението е од областа: Внатрешна трговија





Промет во трговијата на мало по производи, 2015

понеделник, 12 декември 2016


Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во трговијата на мало по производи, во 2015
година изнесува 126 965 914 илјади денари.


По групи на производи, најголем промет од 22.6% е остварен во групата „Трговија на мало со автомобилски
горива и мазива“, потоа во групата „Други на друго место во номенклатурата неспомнати производи“ 12.4%,
во групата „Трговија на мало со млечни производи“ 4.5%, во групата „Трговија на мало со аудио и видеоопрема
и телекомуникациска и информатичка опрема“ 3.8%, во групата „Трговија на мало со тутунски производи“
3.7%, во групата „Трговија на мало со пекарски производи“ 3.4%, во групата „Трговија на мало со козметички и
тоалетни производи“ 3.3%, во групата „Трговија на мало со електрични апарати за домаќинствата“ 3.2% итн.


Гледано по производи, поголем промет е остварен кај следниве производи: моторен бензин, гасни масла,
пури, цигарилоси и цигари од тутун и замена за тутун, лекови и медицински алкохол, свеж леб, компјутерски
машини и нивни делови и прибор и други производи, течен нафтен гас, сокови и други производи.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика