+A   |  -A
ппп: 478 | ввв: 162086
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              

Соопштението е од областа: Економски сметки во земјоделството





Економски сметки во земјоделството, по постојани цени, 2010-2015 година

четврток, 08 јуни 2017


Пресметките на економските сметки во земјоделството, по постојани цени, се направени врз база на
препораките дадени во Прирачникот за економски сметки во земјоделството и шумарството, ревизија 1.1. и
според Европската регулатива за економски сметки во земјоделството 138/2004.
Целта на овие пресметки е да може да се направат подобри економски анализи, како и потребата да се
разграничат трендовите што се однесуваат на промената на волуменот и оние што се однесуваат на промената
на цените. Според Европскиот систем на сметки, ценовната компонента треба да ги содржи промените што се
однесуваат само на цените, а сите останати промени треба да бидат вклучени во волуменската компонента. Со
тоа, сите останати компоненти (физички карактеристики, начинот на продажба итн.) се земаат како волуменски,
а не како ценовни промени.
Волуменските и ценовните индикатори што се користени при пресметката на економските сметки во
земјоделството, по постојани цени, ги вклучуваат и промените во квалитетот. Ако самите производи се
хомогени, волуменските промени може да се проценат врз база на промените на количествата.
Податоците се однесуваат на периодот од 2010 до 2015 година и се врз база на претходната година.




  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика