+A   |  -A
ппп: 376 | ввв: 131793
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              

Соопштението е од областа: Индустрија





Индекси на прометот во индустријата, февруари 2017

четврток, 13 април 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во февруари 2017
година, во однос на февруари 2016 година, изнесува 109.7.
Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во февруари 2017, во однос на февруари 2016 година,
бележи опаѓање од 7.0%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 13.4%.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2017
година, во однос на февруари 2016 година, бележи пораст од 15.5%, а во секторот Преработувачка индустрија
бележи пораст од 9.5%.
Според главните индустриски групи, прометот во февруари 2017 година, во однос на февруари 2016 година,
бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 15.4% и Капитални производи за 12.8%,
додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 5.1% и Нетрајни производи за
широка потрошувачка за 3.0%.
Индексот на прометот во индустријата во февруари 2017 година, во однос на јануари 2017 година, изнесува
113.4, додека во периодот јануари-февруари 2017 година, во однос на периодот јануари-февруари 2016 година,
изнесува 108.0.




  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели



За подетални информации јавете се кај:

;  

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика