+A   |  -A
ппп: 894 | ввв: 200390
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Цени


Трошоци на живот според класификацијата COICOP и цени на мало, ноември 2017

четврток, 07 декември 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на живот и индексот на цените на мало, во ноември 2017 година во однос на претходниот месец, изнесува 100.2. Порастот на индексите на трошоците на живот од 0.2%, во ноември 2017 година во споредба со претходниот месец, е резултат на повисоките индекси на сирењето и урдата за 2.4%, замрзнатото овошје за 1.8%, компирот за 1.5%, оризот, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 1.1%, другите прехранбени производи за 0.9%, другите пекарски производи и месото за 0.8%, млекото за 0.6%, маслото и маснотиите за 0.5%, рибата и морските плодови, цигарите за 0.4%, брашното и другите жита за 0.3%, трбушките, сушеното, соленото и чаденото месо за 0.2%. Во ноември, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 5.8%, болничките услуги за 4.7%, телефон и телефакс- опремата за 4.4%, течните горива за домаќинствата за 4.1%, информатичката опрема за 3.0%, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 2.6%, гасот за домаќинствата за 2.3%, цврстите горива, накитот и часовниците за 1.5%, поправка на електричните апарати за 1.3%, средствата за чистење и одржување на станот, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите за 1.1%, игрите, играчките и хобијата за 1.0%, обувките за 0.9%, теписите и другите покривки за под, другите услуги за опрема за сопствен превоз за 0.7%, книгите за 0.5%, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.4%, облеката, услугите за култура за 0.3%, мебелот за домаќинствата, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за под, текстилот за домаќинствата, големите електрични апарати за домаќинствата, терапевтските помагала и другите лични предмети за 0.2%. Намалување на индексите на трошоците на живот, во ноември 2017 година во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 8.9%, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1.2%, сувото овошје и јаткастите производи за 1.1%, свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 1.0%. Исто така, во ноември, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај опремата за спорт, кампирање и рекреација во природа за 3.5%, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за домаќинствата, авионскиот превоз на патници за 2.7%, алатите и опремата за куќа и градина за 1.5%, патниот сообраќај, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 0.8%, материјалите за одржување и поправки на станот, градините, растенијата и цвеќињата за 0.6% и резервните делови и опремата за сопствен превоз за 0.3%. Индексот на трошоците на живот во ноември 2017 година, во споредба со ноември 2016 година, бележи пораст од 2.2%, а индексот на цените на мало бележи пораст за 4.6%.




  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика