+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Население


Наталитетот во Република Македонија, по општини, 2011

понеделник, 18 јуни 2012


Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија вкупно се родени 22 972 деца,
од кои живородени се 22 770 и 202 мртвородени деца. Бројот на живородените деца во 2011, во споредба со
претходната година, е намален за 1 526 деца или за 6.3%. Во структурата според пол, кај живородените деца
машките имаат поголемо учество и тоа 51.6%, односно, на 100 живородени женски деца 106.7 се машки.

 
Според возраста на мајката, најголемо учество, односно 35.3% се живородени деца од мајки на возраст 25-29
години, па следуваат мајки од возраст 20-24 со 24.6%, па мајките од 30 до 34 години со 24.3% итн. Просечната
возраст на мајката при вкупниот број на раѓања е 28.0 години, а 26.2 години на првите раѓања, односно
благ пораст во однос на претходната година. Генерациска година на раѓање на мајката која се појавува како
најфреквентна при раѓањето на детето е 1984 година.

 
Во 2011 година се регистрирани 23 живородени деца од мајки на возраст под 15 години.


Бројот на вонбрачните живородени деца изнесува 2 651 деца или 11.5% од вкупниот број на живородени деца
се вонбрачни.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 816

е-пошта:  danica.mitkovska@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика