+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловни тенденции во преработувачката индустрија, јули 2019

четврток, 15 август 2019


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јули 2019 година е намален за 0.1 процентен поен во однос на јуни 2019 година и изнесува 21.2, а во однос на јули 2018 година е зголемен за 1.3 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јули 2019, во однос на јуни 2019 година, е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени во однос на јуни 2019 година.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јули 2019 година е понеповолна во однос на претходниот месец, а поповолна во однос на јули 2018 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јули 2019 година изнесува 69.5 % од нормалното искористување. Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 26.3 %, недоволната странска побарувачка со 17.9 % недоволната домашна побарувачка со 13.9 % и неизвесното економско опкружување со 11.1 %.
 






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика