+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловни тенденции во преработувачката индустрија, август 2020 година

вторник, 15 септември 2020


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во август 2020 година е зголемен за 0.6 процентни поени во однос на јули 2020 година и изнесува 12.9, а во однос на август 2019 година е намален за 8.5 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во август 2020, во однос на јули 2020 година, е пoповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во август 2020 година е поповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна во однос на август 2019 година. Се очекува бројот на вработените да се зголеми.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во август 2020 година изнесува 67.0 % од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 20.5 %, неизвесното економско опкружување со 16.8 %, недостигот на квалификувана работна сила со 17.7 % и недоволната домашна побарувачка со 11.7 %.






  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: + 389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика