+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, јули 2019 година

петок, 20 септември 2019


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година, изнесува 105.5.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена  и социјална заштита (12.4 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (9.9 %) и Транспорт и складирање (9.4 %).

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (2.1 %), Дејности на здравствена  и социјална заштита (2.0 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (2.0 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јули 2019 година, изнесува 37 268 денари.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 23295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика