+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, јули 2012

среда, 26 септември 2012


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена
нето-плата по вработен, во јули 2012 година, во однос на јули 2011 година, изнесува 99.8.


Ваквото намалување се должи, пред сé, на намалувањето на просечната месечна исплатена нето-
плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (8.0%), Административни и помошни
услужни дејности (7.3%) и Други услужни дејности (3.2%).


Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот
месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни
возила и мотоцикли (4.8%), Преработувачка индустрија (2.7%) и Стручни, научни и технички дејности
(2.6%).


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2012, изнесува 20 781 денари.
Во јули 2012 година, 2.0% од вработените во Република Македонија не примиле плата.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 635

е-пошта:  jovanco.sapundzioski@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика