+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на трошоците на животот според COICOP и цени на мало, август 2019

вторник, 10 септември 2019


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во август 2019 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.3, а индексот на цените на мало 100.2.

Пораст на индексот на трошоците на животот во август 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 6.4 %, маслото и маснотиите за 1.6 %, другите преработки од месо за 0.9 %, свежото и разладеното овошје, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.7 %, месото за 0.6 %, рибата и морските плодови за 0.5 %, лебот и житата, сушеното, соленото и чаденото месо за 0.4 %, јогуртот за  0.3 %, млекото, другите прехранбени производи за 0.2 %.

Во август 2019 година, пораст на индексите на трошоците на животот исто така е забележан и кај туристичките пакетаранжмани за 4.1 %, авионскиот превоз на патници за 4.0 %, услугите за одржување на станот за 3.3 %, дисковите, касетите, дискетите, ЦД-ромовите, филмовите за 3.1 %, услугите за сместување за 2.8 %, парамедицинските услуги за 1.1 %, цврстите горива за домаќинствата за 1.0 %, домашните миленици и сродни производи, услугите за лична хигиена за 0.9 %, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за 0.7 %, средствата за чистење и одржување на станот за 0.6%, мебелот и покуќнината за 0.5 %, течните горива за домаќинствата, другите лични предмети за 0.4.%, услугите за одржување и поправки на станот, теписите и другите покривки за под, големите електрични апарати за домаќинствата, градините, растенијата и цвеќињата за 0.3 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот во август 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за  1.1 %, јаjцата за 0.4 %, сувото овошје и јаткастите производи, безалкохолните пијалаци за 0.3 %.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај централното греење за 6.4 %, гасот за домаќинствата за 4.3 %, информатичката опрема за 2.7 %, обувките за 2.5 %, услугите за рекреација и спорт за 2.0.%, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 1.6 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 1.1 %, телефон и телефакс-опремата за 0.9 %, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 0.5 %, конфекцијата за 0.4%, малите електрични апарати за домаќинствата, лековите, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 0.2 %.

Индексот на трошоците на животот во август 2019 година, во споредба со август 2018 година, бележи пораст од 0.8 %, а индексот на цените на мало е на исто ниво како и минатиот месец.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 23295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика