+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на трошоците на животот според COICOP и цени на мало, февруари 2019 година

четврток, 07 март 2019


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во февруари 2019 година,
во однос на претходниот месец, изнесува 100.0, а индексот на цените на мало 99.8.
Индексот на трошоците на животот во февруари 2019 година е на исто ниво како и претходниот месец, но е забележано
движење во подгрупите. Пораст на индексите на трошоците на животот во февруари 2019 година, во споредба со
претходниот месец, е забелжан кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови
за 3.4 %, свежото и разладеното овошје за 3.1 %, млекото за 1.0 %, јогуртот за 0.5 %, сушениот зеленчук, другиот
конзервиран и преработен зеленчук за 0.4 %, житата, сушеното, соленото и чаденото месо, рибата и морските плодови
за 0.3 %, лебот, сирењето и урдата, сувото овошје и јаткастите производи, безалкохолните пијалаци за 0.2 %.
Во февруари 2019 година, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај течните горива
за домаќинствата за 6.2 %, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 3.2 %,
парамедицинските услуги за 3.1 %, книгите за 1.7 %, автомобилите за 0.6 %, терапевтските помагала за 0.4 %, мебелот
и покуќнината за 0.3 %, текстилот за домаќинствата, услугите за рекреација и спорт, угостителските услуги за 0.2 %.
Намалување на индексите на трошоците на животот во февруари 2019 година, во споредба со претходниот месец, е
забележано кај другите преработки од месо, другите прехранбени производи за 0.6 %, јајцата, маслото и маснотиите
за 0.5 %, месото, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.3 %.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за
10.9,%, дисковите, касетите, дискетите, ЦД-ромовите, филмовите за 8.9 %, туристичките пакет-аранжмани за 3.2 %,
цврстите горива за 3.0 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 2.4 %, телефон и
телфакс-опремата за 1.7 %, услугите за сместување за 1.5 %, облеката и обувките за 1.1 %, резервните делови и опремата
за сопствен превоз за 1.0 %, теписите и другите покривки за под, другите лични предмети за 0.9 %, велосипедите за
0.8 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, информатичката опрема за 0.7 %, средствата
за чистење и одржување на станот, игрите, играчките и хобијата за 0.6 %, снабдувањето со вода 0.5 % и другите
медицински производи за 0.3 %.
Индексот на трошоците на животот во февруари 2019 година, во споредба со февруари 2018 година, бележи пораст
од 1.1 %, а индексот на цените на мало бележи пораст од 0.3 %.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика