+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Бруто-домашен производ


Бруто-домашен производ, прво тримесечје од 2018 година

четврток, 07 јуни 2018


Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ
(БДП) за првото тримесечје од 2018 година е 0.1 %.


Во првото тримесечје од 2018 година, најголем пораст е забележан во секторите: Њ, О и П - Уметност, забава и
рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои
произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 12.1 %; Е, Ж и З - Трговија на големо
и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и
сервисни дејности со храна од 10.5 % и К и Л - Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни
услужни дејности од 8.5 %.


Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата,
во првото тримесечје од 2018 година, номинално расте за 4.0 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-
домашниот производ изнесува 64.3 %.


Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 10.4 %, а увозот на стоки и на услуги забележа
зголемување во номинален износ од 9.1 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика