+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на бројот на работниците во индустријата, ноември 2017 година

четврток, 28 декември 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во
ноември 2017 година, во однос на ноември 2016 година, изнесува 104.7.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2017 година, во однос на ноември
2016 година, бележи опаѓање од 1.1%, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 5.4%, а во секторот
Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација oпaѓање од 0.6%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во ноември 2017 година, во однос
на ноември 2016 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 12.9%, Капитални
производи за 15.0% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 2.4%, додека опаѓање бележи кај Енергија
за 0.8% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.2%.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - ноември 2017 година, во однос на
периодот јануари - ноември 2016 година, изнесува 102.1.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика