+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Животна средина


Трошоци за заштита на животната средина, 2018 година

петок, 06 септември 2019


Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на трошоците за заштита на животната средина во 2018 година изнесува 11 232 421 илјадa денари.

Вкупните трошоци за заштита на животната средина, според еколошката намена, се распределени како што следи: најголемо е учеството на трошоците за постапување со отпад (64.2 %), потоа учеството на трошоците за образовни, воспитни и други слични активности (9.7 %) и трошоците за управување со отпадни води (9.4 %).

Трошоците за заштита на животната средина се состојат од две компоненти: инвестиции во средства за заштита на животната средина и трошоци за одржување на средствата за заштита на животната средина. Учеството на инвестициите во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 74.7 %, а учеството на трошоците за одржување во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 25.3 %.

Од вкупните трошоци за заштита на животната средина, најмногу трошоци се направени во индустријата и специјализираните производители, 8 992 016 илјади денари, односно 80.1 %.

Од направените трошоци за заштита на животната средина во индустријата и специјализираните производители, 83.9 % се наменети за инвестиции, а 16.1 % се за одржување на средствата.

Од вкупните плаќања и надоместоци за извршени услуги за заштита на животната средина, најголемо е учеството на платените надоместоци за постапување со отпад, 84.9 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 23295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика