+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Економски сметки во земјоделството


Економски сметки во земјоделството по постојани цени, 2012 – 2017

понеделник, 10 јуни 2019


Пресметките на економските сметки во земјоделството по постојани цени се направени врз база на препораките дадени во Прирачникот за економски сметки во земјоделството и шумарството, ревизија 1.1. и според Европската регулатива за економските сметки во земјоделството 138/2004.

Целта на овие пресметки е да може да се направат подобри економски анализи, како и потребата да се разграничат трендовите што се однесуваат на промената на волуменот и оние што се однесуваат на промената на цените. Според ESA 95 (European System of Accounts), ценовната компонента треба да ги содржи промените што се однесуваат само на цените, а сите останати промени треба да бидат вклучени во волуменската компонента. Со тоа, сите останати компоненти (физички карактеристики, начинот на продажба итн.) се земаат како волуменски, а не како ценовни промени.

Волуменските и ценовните индикатори што се користени при пресметката на економските сметки во земјоделството по постојани цени ги вклучуваат и промените во квалитетот. Ако производите се хомогени, волуменските промени може да се проценат врз база на промените на количествата.

Податоците се однесуваат на периодот од 2012 до 2017 година и се врз база на претходната година.

 






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 23295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика