+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на прометот во индустријата, јули 2019 година

петок, 13 септември 2019


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година, изнесува 111.0.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7.2 %, Капитални производи за 17.7 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 3.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.8 %.

Индексот на прометот во индустријата, вкупно во јули 2019 година, во однос на јуни 2019 година, изнесува 103.8, додека во периодот јануари – јули 2019 година, во однос на периодот јануари – јули 2018 година, изнесува 109.8.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година, изнесува 107.5.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 8.2 %, Капитални производи за 75.3 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 9.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.7 %.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во јули 2019 година, во однос на јуни 2019 година, изнесува 115.9, додека во периодот јануари – јули 2019 година, во однос на периодот јануари – јули 2018 година, изнесува 101.5.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на странските пазари во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година, изнесува 112.6.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6.6 %, Капитални производи за 17.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 12.9 %, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 17.8 %.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари во јули 2019 година, во однос на јуни 2019 година, изнесува 99.9, додека во периодот јануари – јули 2019 година, во однос на периодот јануари – јули 2018 година, изнесува 112.6.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 23295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика