+A   |  -A
ппп: 12241 | ввв: 301051
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на прометот во индустријата, октомври 2017

петок, 15 декември 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во октомври 2017
година, во однос на октомври 2016 година, изнесува 105.8.


Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во октомври 2017, во однос на октомври 2016 година,
бележи опаѓање од 5.6%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 8.5%.


Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2017
година, во однос на октомври 2016 година, бележи опаѓање од 3.1%, а во секторот Преработувачка индустрија
бележи пораст од 6.1%.


Според главните индустриски групи, прометот во октомври 2017 година, во однос на октомври 2016 година,
бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.4%, Капитални производи за 7.2%, Tрајни
производи за широка потрошувачка за 5.4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.0%.


Индексот на прометот во индустријата во октомври 2017 година, во однос на септември 2017 година, изнесува
98.2, додека во периодот јануари - октомври 2017 година, во однос на периодот јануари - октомври 2016 година,
изнесува 106.6.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика