+A   |  -A
ппп: 12265 | ввв: 301116
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на индустриското производство, ноември 2017 година

среда, 27 декември 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во ноември
2017 година, во однос на ноември 2016 година, изнесува 104.1.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2017
година, во однос на ноември 2016 година, е на исто ниво, во секторот Преработувачка индустрија бележи
пораст од 5.7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од
4.9%.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство
во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на основни фармацевтски
производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси,
Производство на други неметални минерални производи, Производство на фабрикувани метални производи,
освен машини и опрема, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати
на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во ноември 2017 година, во однос на ноември 2016
година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2.5%, Капитални производи за
25.4% и Трајни производи за широка потрошувачка за 55.6%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 2.0% и
Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.9%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – ноември 2017 година, во однос на периодот
јануари – ноември 2016 година, изнесува 100.5.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика