+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


Статистички годишник, 2020, 2020

 


Пред вас е најновото издание на една од најстарите и највредни едиции на Државниот завод за статистика -   Статистичкиот годишник на Република Северна Македонија.

Прикажани на начин којшто на корисниците им го олеснува користењето, статистичките податоци од бројните статистички истражувања, пренесени во табели, графикони и мапи, овозможуваат добивање на јасна слика за демографските и социоекономските состојби во државата во 2019 година. Освен тоа, во публикацијата се дадени и временски серии преку кои во споменатите  општествени сегменти можат да се следат и трендовите низ годините.

Севкупноста на статистичките податоци за состојбите во државата се потврдува и со презентираните статистички информации добиени од органите, организациите и институциите што го сочинуваат статистичкиот систем во Република Северна Македонија, а се координирани од Државниот завод за статистика како носител на официјалната статистика.

Истовремено, во публикацијата се прикажани и статистички податоци за земјите од Европа и пошироко што се споредени со податоците за Република Северна Македонија, со што се добива можност за стекнување на сознанија за демографскиот и социоекономскиот развој не само на државата, туку и на регионот, Европа и светот во глобала.

Определбата за веродостојна, објективна, квалитетна, навремена и достапна официјална статистика ја потврдуваме и со ова издание на Статистичкиот годишник. Со намера секое наредно издание да биде подобро од претходното, продолжуваме да инвестираме во човечките ресурси и во технологијата и ги очекуваме коментарите, забелешките, конструктивните критики и барањата на нашите корисници.

На тој начин, секој Статистички годишник ќе прерасне во наш заеднички успех, а со тоа станува и движечка сила за растот и развојот на Република Северна Македонија.

Животна средина и географија  
Население  
Здравство, социјални услови и култура  
Правосудство  
Образование и наука  
Пазар на трудот  
Приходи, потрошувачка и цени  
Национална економија и финансии  
Земјоделство  
Индустрија и енергија  
Деловни субјекти  
Надворешна трговија  
Транспорт, туризам и други услуги  
Одржлив развој  
Структурни деловни статистики  
Меѓународен преглед  

 



           
Датум на издавање: 29.10.2020
PDF:   Преземи ја публикацијата 25
Excel:    Преземи табели  
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: /
ISBN: /
ISSN: /
Јазик: македонски и англиски

 
                                    


Цена во печатена форма:


 

 

 


  Публикации
   
 
  Сите публикации
  
 




© Државен завод за статистика