+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


Одржлив развој, 2019

 


Целите за одржлив развој претставуваат глобална рамка за креирање политики кои водат кон искоренување на сите форми на сиромаштија, нееднаквост, зачувување на животната средина, обезбедување на просперитет и мир. Агендата 2030 година за одржлив развој, усвоена во септември 2015 година на Самитот на Обединетите нации за одржлив развој, е универзална.  Утврдените 17 цели што треба да се постигнат до 2030 година ќе бидат имплементирани од страна на сите земји во светот. Државниот завод за статистика континуирано вложува напори за продукција и интегрирање на сетот на индикатори кои претставуваат статистичка поддршка за следење на степенот на реализација на концептот за одржлив развој. Во оваа публикација индикаторите се дефинирани во согласност со Европската стратегија за одржлив развој и се пресметани според стандардите на европската статистика што обезбедува нивна меѓународна споредливост. Се надеваме дека ова издание ќе ја постигне целта што ја имавме при подготовката – а тоа е на корисниците на нашите податоци, на визуелен начин да им го претставиме напредокот што Северна Македонија го постигнува на патот кон остварување на глобалните цели за одржлив развој.



           
Датум на издавање: 05.11.2019
PDF:   Преземи ја публикацијата 23 MB
Excel:    Преземи табели  
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 78
ISBN: 978-608-227-321-1
ISSN: /
Јазик:

 
                                    


Цена во печатена форма:


 

 

 


  Публикации
   
 
  Сите публикации
  
 




© Државен завод за статистика