+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


Жените и мажите во Северна Македонија, 2019

 


Почитувани корисници, пред вас е единаесеттото издание на публикацијата „Жените и мажите во Северна Македонија“, подготвено врз основа на податоците кои Државниот завод за статистика ги прибира преку своите сè поразвиени родови статистики. Имајќи ја предвид содржината на претходните изданија, во ова издание се обидовме да го продолжиме континуитетот на објавените податоци, но и да презентираме нови содржини кои ќе ви овозможат да добиете слика за демографските карактеристики на жените и на мажите во Република Северна Македонија, како и нивната застапеност во социјалниот и економскиот живот на земјата.

Презентираните индикатори од родовите статистики ни овозможуваат да го следиме процесот на воспоставување на еднаквите можности и еднаквиот третман на жените и на мажите во разни области од животот: образованието, вработувањето, правосудството, културата, социјалната заштита.

Се надеваме дека ова издание во голема мера ќе им излезе пресрет на вашите потреби од податоци за родовите статистики, кои ќе ви овозможат да ги реализирате вашите родови анализи или едноставно да ги добиете информациите поврзани со родовите статистики кои се од ваш интерес.


           
Датум на издавање: 07.03.2019
PDF:   Преземи ја публикацијата 4.68MB
     
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 97
ISBN: 978-608-227-318-1
ISSN:
Јазик: македонски и англиски

 
                                    


Цена во печатена форма:


 

 

 


  Публикации
   
 
  Сите публикации
  
 




© Државен завод за статистика