+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


Анкета за приходи и услови за живеење, 2017

 


Државниот завод за статистика, во 2017 година, го спроведе истражувањето Анкета за приходи и услови за живеење, 2017 година по осми пат, што претставува извор на податоци за сиромаштијата и социјалната исклученост.

Статистиките на приходите и условите за живеење се инструмент за претставување споредливи податоци за приходите, сиромаштијата, социјалната исклученост и условите за живеење. Социјалната исклученост и условите за живеење се следат на ниво на домаќинства, а вработеноста, образованието и здравствените податоци се следат на ниво на поединци, односно на лица на возраст над 16 години.

Анкетата е основа за пресметување на структурните индикатори за споредбена анализа на ниво на Европската Унија, како и за пресметување на прераспределбата на приходите и манифестацијата на сиромаштијата и социјалната исклученост.

Следејќи ги препораките на Европскиот статистички систем, Државниот завод за статистика, во 2009 година за првпат го спроведе истражувањето како пилот, а од 2010 година продолжи со спроведувањето како редовна анкета предвидена во Програмата за работа на Државниот завод за статистика.

Се надеваме дека податоците од ова истражување ќе им овозможат на корисниците натамошни проучувања и креирање политики во оваа област.


           
Датум на издавање: 27.12.2018
PDF:   Преземи ја публикацијата 2.08MB
Excel:    Преземи табели  
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 38
ISBN: 978-608-227-317-4
ISSN:
Јазик: македонски и англиски

 
                                    


Цена во печатена форма:


 

 

 


  Публикации
   
 
  Сите публикации
  
 




© Државен завод за статистика